Школа за водачи
- Детали
- Категорија: Uncategorised
- Објавено на Вторник, 28 Октомври 2008 20:24
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 2345
Scout Shop
- Детали
- Категорија: Uncategorised
- Објавено на Вторник, 19 Август 2008 20:58
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 2875
За сите нарачки на долунаведените производи можете да не контактирате на нашиот одредски телефон. Вашите средства можете да ги уплатите на нашата одредска жиро сметка која гласи:
ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“
200 - 0000037519 - 52
депонент банка: Стопанска банка АД Скопје
ЕДБ:4004996107353
И З В И Д Н И Ч К А У Н И Ф О Р М А
“ИЗВИДНИЧКА БЛУЗА НА КРАТКИ РАКАВИ“
Цена: 200 денари (3,5 €)
ОДРЕДСКИ АМБЛЕМ+ ОЗНАКА ЗА ГРАД
( д = 7,5 см.)
Цена: 200 денари (3,5 €)
АМБЛЕМ НА СИМ
(за на капа, маица д = 4,5 см.)
Цена: 100 денари (1,5 €)
АМБЛЕМИ НА СИМ
Цена: 100 денари (1,5 €)
ВРВКА ЗА КЛУЧЕВИ, МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН.....
Цена: 60 денари (1 €)
ДРЖАВНО ЗНАМЕ НА РМ ЗА НА ИЗВИДНИЧКА УНИФОРМА
(димензии 6,5 см х 3 см.)
Цена: 60 денари (1 €)
Л И Т Е Р А Т У Р А

“ВОДАЧ НА ПАТРОЛА“
Цена: 120 денари (2 €)
Прирачник за водење на патрола и обука на водачи
(А5 формат)
“ОРИЕНТАЦИЈА ВО ПРИРОДА“
Цена: 120 денари (2 €)
Прирачник за обука во делот на топографија и ориентација
(А5 формат)
“ПАТРОЛЕН ДНЕВНИК“
Цена: 120 денари (2 €)
Дневник за водење на евиденција за работата на патролата
(А5 формат)
“РАЗЛИЧНИ, НО СЕПАК ИСТИ“
Цена: 60 денари (1 €)
Пакет на упатства за реализација на активности (хендаути)
(А5 формат)
ПАКЕТ УПАТСТВА
Цена: 120 денари (2 €)
Пакет на упатства за реализација на активности (хендаути)
(А5 формат)
“ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ“
Цена: 60 денари (1 €)
Прирачник со упатства за пишување на проект
(А6 формат)
“ПРИКАЗНИ ЗА ЕНЕРГИЈАТА“
Цена: 30 денари (0,5 €)
Пакет на упатства за реализација на еколошки активности
(А5 формат)
“ДЕЦА, МУДРО ТРОШЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА !“
Цена: 30 денари (0,5 €)
Еколошка боенка
(А5 формат)
“ИЗВИДНИШТВОТО ВО ВЕЛЕС 1953 - 2003“
Цена: 120 денари (2 €)
Монографија на извиднички одред “Димитар Влахов“ по повод 50 години постоење
(А5 формат)
М У Л Т И М Е Д И Ј А
“БАДЕН ПАУЕЛ - ОСНОВАЧ НА СВЕТСКИОТ СКАУТИЗАМ“
Цена: 300 денари (5 €)
Историска репортажа за основачот на светскиот скаутизам на македонски јазик
(DVD формат)
“ВОСПУТУВАЊЕ - ОБРАЗОВАНИЕ - ИЗВИДНИШТВО“
Цена: 300 денари (5 €)
Документарна репортажа за развојот на извидничкото движење во Велес (1953 - 2003) и 50 годишното постоење на извиднички одред “Димитар Влахов“.
(DVD формат)
“МУЛТИМЕДИЈАЛЕН СКАУТИЗАМ“
Цена: 120 денари (2 €)
Компак диск (ЦД) во кои се поставени сите тајни на извидништвото, неговата програма, историјата на нашиот одред, химната, извидничките закони и се што е потребно за запознавање на младите со извидничкото движење.
ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“ - ВЕЛЕС
Цена: 120 денари (2 €)
Компак диск (ЦД) во кои е поставена нашата одредската програма, историјата на нашиот одред, химната, извидничките
закони и се што е потребно за запознавање на младите од Велес со извидничкото
движење.
Издаваштво
- Детали
- Категорија: Uncategorised
- Објавено на Петок, 07 Декември 2007 17:01
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 756

Извидништвото во Велес 1953 - 2003
Поаѓајќи од тоа дека поголем дел од податоците во книгата се собрани по пат на усмени искази на постарите членови, како и од делумно зачувана одредска документација, можно е да се случи некои програмски активности ненамерно да се заборавени и пропуштени.
Но и покрај тоа сметам дека најзнчајно за извидничкиот одред Димитар Влахов е што сега создадовме опширен документ за постоењето и живеењето на одредот , кои подоцна може лесно да се надградува и дополнува.
Во ова дело ќе можете да пронајдете и податоци за Роберт Баден Пауел - основачот на скаутизмот, хронологија на големите светски скаутски настани и едукативни податоци за Светската организацијаа на скаутско движење - WOSAM, затоа што СИМ како национална извидничка организација припаѓа на светското скаутско семејство.
Монографијата Извидништвото во Велес 1953 - 2003 пред се е посветено на извидниците од извидничкиот одред Димитар Влахов на пријателите и поддржувачите на нашиот одред и извидничката организација во Македонија.
Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија "Извиднички Репортер"
Корица: Совет на водачи на ИО "Димитар Влахов" - Велес

Програмата е прилагодена на целта, која извидничката организација сака да ја достигне, во старосната група на извидниците. Нагласок се става пред се на животот во природа. Начините, односно, методите на работа кои преовладуваат во организацијата се, учење низ игра, работа во мали групи, поттикнување на самостојна работа, лична иницијатива итн...
Извидник лесно може да стане секој, што ќе се вклучи во некој од одредите на СИМ . Мора редовно да ја плаќа членарината, да ја изведува програмата на организацијата, да живее во согласност со статутот и правилникот, да ги почитува извидничките закони и да се здобие со тримесечен приправнички стаж.
Извидничките натпреварувања од областа на ориентацијата и топографијата се едни од обележјата во педесет годишната историја на извидничката организација воВелес и Македонија. Немањето на потребна литература за ориетација и топографија, допринесе да оваа извидничка вештина полека ја губи правата вредност и од ден во ден да се губи од извидничката сцена во Македонија.
Со овој прирачник насловен како "Ориентација во природа" сакаме да ја вратиме правата вредност на натпреварите од областа на ориентацијата и топографијата. Сметаме дека овој прирачник ќе биде од корист на сите извидници кои постојано се во природа и се движат по непознат терен. Со информациите кои се содржани во овој прирачник извидниците ќе можат полесно да се ориентираат и да се движат во одредени насоки, а воедно и ќе стекнат нови сознанија од оваа област.
Прирачникот "Ориентација во природа" сметаме дека ќе иницира и голем број на повеќедневни летни и зимски топо-школи на кои што многу повеќе ќе се работи на совладувањето на знаењата од областа на ориентацијата и топографијата.
Автори: проф. Ангел Гушев - Гуше и Борис Јурага
Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија "Извиднички Репортер"
Корица: Совет на водачи на ИО "Димитар Влахов" - Велес

Најголем дел од материјалот во овој прирчник се искуства од моето десетготишно проектно работење и искуствата од проектните активности кои што ги реализираше ивидничкиот одред Димитар Влахов. Од стра-ните кои што следуваат ќе можете да ги видите и вред-ностите од податоците и информациите кои што се вте-мелени во овој прирачник. Морам да споменам дека овој прирачник е прв од ваков вид и во недостаток на слична литература истиот ќе најде свое место во секојдневниот работен материјал и библиотеките на здруженијата на граѓани.
На крајот сакам повторно да нагласам дека овој материјал е резултат на проектните активности на го-лем број на членови на извидничкиот одред од Велес кои што единствено можеше да се добие со волонтери-зам и голем ентузијазам.
И конечно за крај, верувам дека овој прирачник ќе биде поттик за создавање на уште многу прирачници кои што ќе овозможат развој и унапредување на граѓанските иницијативи и јакнење на граѓанските здруженија, а животот ќе покаже колку мојата намера е оправдана.
Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија "Извиднички Репортер"
Корица: Совет на водачи на ИО "Димитар Влахов" - Велес
Проекти
- Детали
- Категорија: Uncategorised
- Објавено на Петок, 07 Декември 2007 17:09
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 1716
Изработка и ископ на бунар со изработка на водоводна инсталација и внесување на питка вода во ИЦ Голозинци. Со овој проект се реши водоснабдувањето на центарот со што се зголеми неговата функционалност и се создадоа хигиенско - санитарни услови за престој.
Активности
- Детали
- Категорија: Uncategorised
- Објавено на Четврток, 29 Ноември 2007 23:49
- Напишано од Administrator
- Посети: 1463
Илегалец


На локално ниво активностите се одржуваат во централното градско подрачје со чистење на коритото на реката Вардар и спортско - рекреативниот локалитет езеро "Младост" и еколошки активности организирани во општината Чашка и ИЦ "Голозинци"
Како дополнување на активностите на локално ниво се организираат и еколошки рок концерт со учество на младински бендови.
Во оваа акција нашиот одред ги вклучува сите основни и средни училишта и голем број младински НВОи кои што се членки на Младинскиот сојуз на Велес.



