Зелената Коалиција во 300 минути гол шоу

„300 минути гол шоу". Под ова мото денес 10.12.2011 год. (сабота) во спортската сала „Гемиџии" се одигра хуманитарниот турнир. На истиот учество земаа 15 екипи , а целта е да се соберат што  е можно повеќе средства од донации кои ќе бидат предадени за децата  со посебни потреби, а Воедно беа и собрани приближно 6.000,00 ден. Своите фудбалски вештини, ги демонстрираа политичарите, новинарите,  поповите, лекарите, полицијата, армијата, комуналците, ловџиите,  зелената коалиција и други организации.  „300 минути гол шоу" беше замислена како една голема забава  како за учесниците ,така и за посетителите. Натпреварите се  одграат во две полувремиња по седум минути. Системот беше елиминациски.  

Онаа екипа што губи завршуваше со играње. Најдобрите екипи ќе добија награди , а тричлена жири комисија  ќе додели и посебни признанија за најатрактивен играч, автогол на  турнирот, најпоткупен судија, гличко и мрза на турнирот. Зелената коалиција која што зема учество на ова шоу се пласираше меѓу трите најдобри екипи. Екипата на Зелената коалиција ја сочинуваа: А.Гушев (капитен), Д.Златева, Д.Ристов, С.Андреев, С.Кукулев и М.Стојчев

                          

 

                                       

Вие сте на: Home Архива Зелената Коалиција во 300 минути гол шоу