|
Средба во Министерството за животна средина |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
15.01.2009. |
 Претставници од Одборот за спас од Топилница и преставници на Зелената коалиција на 14.1.2009 год. (среда), во состав Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес, Петар Стојанов од Одборот за спас од Топилницата, Ангелче Гушев и Ненад Коциќ престваници на Зелената коалиција остварија работна средба во Министерството за животна средина и просторно планирање. Во Министерството се разговараше со заменик – министерот Соња Лепиткова и тоа за новонастанатите состојби со продажбата на Топилницата.
|
|
Последно ажурирање ( 16.01.2009. )
|
|
|
Како Зузана ги виде извидниците |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
11.01.2009. |
|
Зузана Халупова е родена во Ковачица (близу Панчево – Република Србија) во 1925 година.
Таа припаѓа на најпознатите светски наивни уметници – сликари.
|
|
Последно ажурирање ( 11.01.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Бадникови букети - подарок за велешани |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
7.01.2009. |
 Членовите на извидничкиот одредот „Димитар Влахов" со особена грижа кон природата реализираа акција во која береа бадникови гранчиња од кои направија 5.000 Бадникови букети за велешани и ги поделија како подарок од извидниците. Се одлучивме на ваков чекор затоа што посакаавме на своите сограѓани да им приредиме задоволство токму на верскиот празник - Бадник, во домот да имаат гранчиња од дрвото што симболизира здравје.
|
|
Последно ажурирање ( 9.01.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
5.01.2009. |
 Веб порталот www.lisica.mk како ФОТО ВЕСТ на денот го објави батниковиот букетот од дабови гранчиња кои што беше изработен од членовите на извидникиот одред “Димитар Влахов“. Во текот на утрешниот ден 6.1.2008 год. – БАДНИК ке бидат поделени околу 5.000 такви букетчиња со што на сограѓаните на Велес, членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ќе им ги честитаат Божикните празници. Сите 5.000 букетчиња се изработени од члените на нашиот единствен градски извиднички одред. А за целосната поделба на букетчињата во наредната вест на нашиото одредски сајт.
|
|
Последно ажурирање ( 7.01.2009. )
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
30.12.2008. |
 Општина Велес на 29.12.2008 год. (понеделник) во салата “Бели мугри“, при Локалната библиотека “Гоце Делчев“ организираше Новогодишна свеченост на која што говореше Градоначалникот, г-дин Аце Коцевски. Градоначалникот се осврна на сите постигнувања во 2008 година и меѓу другото позитивно се осврана на работата на Зелената коалиција во која што составен дел е и извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Зелената коалиција во 2008 година преставуваше начин на изразување на револт против рестартирањето на Топилницата во Велес. На оваа свеченост од нашиот одред учество земаа четворица извидници.
|
|
Последно ажурирање ( 30.12.2008. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
30.12.2008. |
 Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“, во рамките на проектот “Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, на 29.12.2008 год.(понеделник) во ресторанот “Тивка ноќ“ во Велес организираше Новогодишна забава. На оваа забава беа присутни голем број на членови на НВОи од Велес, Градско, Чашка и Лозово, членови на Младинскиот клуб при “Фокус“, Советници при Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Велес. г-дин Аце Коцевски и преседавачот на Советот на Општина Велчес, г-дин Славчо Чадиев.Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ учествуваа петмина извидници.
|
|
|
Симболиката на извидничкиот поздрав |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
29.12.2008. |
 Една од првите задачи кои што треба да ги научите со самото пристапување во извидничкото движење е поздравот. Некои можеби и не знаат што симболизира десната свиткана рака со три исправени прсти и свиткан палец преку малиот прст. Ке пробаме да појасниме....
|
|
Последно ажурирање ( 29.12.2008. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 97 - 108 од 183 |