topleft
topright

Анкета

Што очекувате од новото Старешинство на СИМ
 

Најава






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Scout.Boom.Comm
Напишано од Извидници Велес   
16.03.2009.
Второто издание на материјалот за комуникација во извидничката организација – Scout.Boom.Comm, е објавен и достапен за download. Новото издание содржи дополнети информации како и некои нови поглавја,а меѓу другото и стратегија комуникација предложена од страна на шестиот регионален форум за комуникација  одржан во периодот помеѓу   ноември 2006 и април 2008.  Овој материјал содржи и детални информации  за брендот на Светската скаутска организација. Scout.Boom.Comm  е методолошка алатка чија што основна цел е да помогне во полесно разбирање на чекорите на имплементација на стратегијата за брендирање на извидничкото движење.
Последно ажурирање ( 18.03.2009. )
Прочитај повеќе...
 
Ден на дрвото - Засади ја својата иднина
Напишано од Извидници Велес   
15.03.2009.
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема денес 14.3.2009 година (сабота)масовно се одзваа на третата по ред акција за пошумување „Ден на дрвото". Велешките извидници кај селото Отовица на езерото Младост засадија млади  багреми, а  покрај оваа локација велешките извидници се појавија и на локацијата во месноста Ајватовски рид во близина на Миладиновци.
Последно ажурирање ( 15.03.2009. )
Прочитај повеќе...
 
Мини смотра по повод Денот на државноста
Напишано од Извидници Велес   
12.03.2009.
Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес на својата редовна седница на старешинството,  одржана на ден 11.3.2009 год. (среда)  донесе ОДЛУКА за организирање на петдневно логорување или т.н. МИНИ СМОТРА која што ќе одржи во периодот од 4 до 8 септември 2009 год.  во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоменото село и тоа по повод Денот на државноста 8 Септември.
Последно ажурирање ( 12.03.2009. )
Прочитај повеќе...
 
Роберт Баден Пауел за знаењето.....
Напишано од Извидници Велес   
1.03.2009.
Вистинското знаење доаѓа од внатре, како резултат на внатрешни процеси. Душата се образува односно се шири одвнатре и неможе да се развива со вештачка примена на напишани упатства и надворешни правила.
 
 
Лорд Роберт Баден Пауел
Основач на Светскиот скаутизам
(од книгата Girl Guiding, стр.185)
 
Медиумско претставување на Велешките извидници
Напишано од Извидници Велес   
23.02.2009.
По повод 22 февруари Светскиот ден на извидништвото, на локалното радио  5 ФМ во Велес на 107,1  настап имаше Ангелче Гушев кои што  во рамките на дваесет минутниот разговор  ги претстави следните  активности:
- за хронологијата на светското извидништвото од самиот почеток во 1907,
- за основачот на извидничкото движење сер Робер Баден Пауел и неговата сопруга Олив Баден Пауел
- за прославата по повод 55 години - извидничко движење во Велес
- за новиот прирачник “Логорување“
- за 24 Средби на извидници Велес 2009
- за реализираната 10 Смотра на СИМ и нашето одредско учество на истата
- за наредните тековни активности во 2009 година организирани од страна на СИМ и одредите ширум Македонија и надвор од неа
- одредска програма за прослава по повод 22 февруари
- програма на СИМ за прослава по повод 22 февруари
- проектни активности кои следуваат за реализација од страна на нашиот одред 

Последно ажурирање ( 23.02.2009. )
 
Учество на Февруарски поход
Напишано од Извидници Велес   
22.02.2009.
На 21 февруари 2009 год. (сабота) во рамките на прославата на Светскиот ден на скаутизмот,  членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, земаа учество на прославата по повод 65 години од реализирањето на Февруарскиот похот. За таа цел нашите извидници во соработка со Сојузот на  борците, Армијата на Република Македонија преставници на Општина Велес и Општина Чашка положија свежо цвеќе на споменикот во месноста Камила (во близина на болницата Јасеново).
 
 
 
 
 
 
Последно ажурирање ( 22.02.2009. )
Прочитај повеќе...
 
Да создаваме подобар свет
Напишано од Извидници Велес   
21.02.2009.

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите брака и сестри извидници (scouts) во Македонија и ширум светотот, им го честитаат 22 Февруари - Светскиот ден на скаутизмот, со желба за многу успеси на полето на спроведувањето на младинската програма и заложбата за СОЗДАВАЊЕ НА ПОДОБАР СВЕТ.  


Старешин на ИО “Димитар Влахов“
Ненад Андреевски

Последно ажурирање ( 21.02.2009. )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 73 - 84 од 183

Превземи новости

Кој е он-лајн

Имаме 9 гости на оваа страница
Copyright 2007 Goran Andreev
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates