topleft
topright

Анкета

Што очекувате од новото Старешинство на СИМ
 

Најава






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Јордан Бајрактаров со 9то Ноемвриско признание
Напишано од Извидници Велес   
15.11.2009.
По повод 65 годишнината од ослободувањето и прославата на Денот на Општина Велес, на 9-ти ноември годинава,во салата „Бели Мугри“ се одржа свечена седница на Советот на општина Велес. На седницата 
присуствуваа истакнати личности од јавниот живот во Велес и Македонија, претставници на меѓународната заедница, АРМ, МПЦ и гости од збратимените градови Свиштов и Самобор. Во своето обраќање по повод празникот, Градоначалникот Горан Петров ги презентираше визиите за развој на Велес, им упати благодарност на борците од  НОВ и им го честиташе празникот на
граѓаните.
 
 
 
 
 
Последно ажурирање ( 15.11.2009. )
Прочитај повеќе...
 
Ден на дрвото - IV дел !
Напишано од Извидници Велес   
15.11.2009.
Во рамките на акцијата „Ден на Дрвото“ која што се одржа на 13.11.2009 год. (петок), со почеток во 8 часот, на локацијата „Умин дол“- Башино Село и на Вршник во близина на резервоарите за вода на ЈКП „Дервен“ членовите на извидничкиот одред “Димитар  Влахов“ од Велес земаа учество во споменатата акција  со 20 извидници
 
Обука на резервните старешини
Напишано од Извидници Велес   
8.11.2009.
По на 7.11.2009 год. (сабота), а повод 9 Ноември, Денот на ослободување на град Велес, општинската организација на резервте старешини од Велес, организираше подготвително стрелање со пиштол и ориентационен марш. На оваа манифестација ушествува учествуваа 40 резервни старешини. Ориентациониот марш се организираше на потегот село Долно Оризари до селото Голозинци каде што во соработка со извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во извидничкиот цемтар “Голозинци“  организираа и советување за резервните старешини на кој што  говореше претседателот на резевните старешини на Македонија, г-дин Ѓорѓи Малковски и г-дин Жико Пановски секретар во општинската организација.
 
Учество во Јавната расправа за Буџетот на Велес за 2010
Напишано од Извидници Велес   
4.11.2009.
Општина Велес и Фондација ФОКУС на 3-ти и 4-ти ноември 2009 год .организираше јавни расправи за Буџетот и програмите за активностите на општината за 2010 година. Јавната расправа за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, здруженија на граѓани и фондации, културно-уметнички друштва и граѓани е одржа на 3-ти ноември (вторник) со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Велес.
Треба да се напомене дека извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од повторно се избори за финансирање на програмски активности во 2010. со средства од Буџетот на Општината.
На оваа Јавна расправ учествуваше Ангелче Гушев како преставник на одредот. 
Последно ажурирање ( 4.11.2009. )
Прочитај повеќе...
 
Собрание на СИМ
Напишано од Извидници Велес   
2.11.2009.
Сојуз на извидници на Македонија во Дом на градежните работници во Скопје на 1.11.2009 (недела) го одржа редовното Годишно собрание на сојузот. На ова Собрание се работеше по следниот  дневен ред :
- Отворање на Собранието
- Воведен збор на Боге Спасеновски, Старешина на СИМ
- Избор на работни тела и други процедурални прашања
- Извештај за РИОН 2008 и РИОН 2009
- Извештај од 10 Смотра на СИМ
- Предлог измени и дополнувања на статутот доставени од работната група
- Дискусија и гласање по материјалите
- Затворање на Собранието на СИМ

Прочитај повеќе...
 
Ноќта на вештерките
Напишано од Извидници Велес   
2.11.2009.
По повод Ноќта на вештерките,во организација на ИПО “Галеб” и ИО “Браќа Миладиновци” од  Скопје, на 31.10.2009 год. (Сабота) се одржа забава за “развигорци” и “помлади извидници”.  Забавата се одржи во просториите на ИО “Браќа Миладиновци”. Право на учество на забавата имаа сите извидници од наведените категории од сите извиднички одреди ширум Република Македонија.Сите учесници на забавата беа маскирани на соодветната тема. Од страна на ИО “Димитар Влахов“ од Велес учество земаа петмина извидници.
Последно ажурирање ( 2.11.2009. )
 
II Средби на извидници - Прилеп 2009
Напишано од Извидници Велес   
31.10.2009.
Извидничкиот одред “Еригон“ од Прилеп по втор пат ги организираше  традиционалните средби на извидници. Средбите се одржаа во Прилеп, во манастирот Св. Димитрија во периодот од 18 до 20 септември оваа година.  Извидниците на овие Средби се натпреваруваа во рамките на традиционалните извиднички натпревари, но имаше и активности во делот на полигонски игри и натпревари. На овие средби учество покрај десет извидници на извидничкиот  одред “Димитар Влахов“ од Велес учество земаа и извидници од Скопје.

Последно ажурирање ( 31.10.2009. )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 37 - 48 од 183

Превземи новости

Кој е он-лајн

Имаме 16 гости на оваа страница
Copyright 2007 Goran Andreev
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates