Во рамките на еколошката акција “Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“ на 30.3.2010 год. (вторник) учество зема и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес со десет извидници. Акцијата се реализираше на терените на езерото Младост. На оваа еколошка акција се појави и претседателот на Република Македонија, г-нот Ѓорѓе Иванов, Градоначалникот на Велес, г-нот Горан Петров и дел од промоторите на акцијата.
Стотина деца учествуваа во велосипедскиот крос со кој денеска беше означен стартот на пролетта во Велес Децата им порачаа на Велешани да ги остават автомобилите и да ги заменат со велосипед и со тоа да ја направат животната средина поздраво и почисто место за живеење. На дрвата во центарот на Велес беа закачени безброј желби и пораки за чиста и здрава средина.
Градоначалникот на Велес, Горан Петров, со желба за здраво поколение, на својата порака напиша „Топилницата не е мој избор, сите сме на иста страна“. „Мојата желба е сите да бидеме заедно околу проблемот со Топилницата и да покажеме дека Топилница не е наш избор“, рече Горан Петров и додаде дека најважно е пораките кои денеска ги оставија граѓаните на Велес да бидат остварени и да бидат дел од историјата.
На последната седница на извршниот одбор на Сојузот на спортови на Велес одржана на 10.3.2010 год. (среда) , се донесе одлука за формирање на Организационен одбор кои што ке раководи со подготовките на Вардарската регата “Гемиџии 2010“. Во организациониот одбор влегоа по двајца претставници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“, ОО на Црвениот крст на Велес, кајакарските клубови. Овој одбор ќе има задача да ја подготви и координира целокупната активност за реализацијата на вардарска рега “Гемиџии 2010“ која што дваесетина години не се организира. Организацијата на оваа регата ке биде поддржана од страна на Локалната самоуправа на Велес, Федерацијата на спортски сојузи и други институции.
Старешинството и Советот на водачи на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, на сите припаднички од понежниот пол им го честита Мегународниот ден на жената 8ми Март.
Тужителите мегу кои е и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ засега нема да ја повлечат тужбата против државата по тридецениското загадување предизвикано од велешката Топилница. Судот на последното рочиште ги отфрли резултатите од досегашните вештачења и донесе одлука домашни стручњаци одново да направат вештачење. Тужителите се свесни дека новото испитување на загаденоста со себе повлекува и дополнителни материјални трошоци, но велат дека нема да отстапат од тужбата.
„Единствено нешто што останува е да се договориме сите тужители како понатаму би постапувале доколку навистина се наметнат материјални трошоци. Во однос на прецизирањето на тужбеното барање, во однос на конкретното загадување кое би се утврдило сето тоа треба да биде преку институции кои ќе ги ангажира судот. Сите тие вештачења ќе чинат пари“, рече Горан Петров, претседател на одборот за спас на Велес од Топилницата.
Поагајки од програмата за работа за 2009 / 2010, победничката екипа на РИОН 2009, машката патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ги започна подготовките за РИОН 2010. Подготовките за РИОН 2010 започнаа на 14 февруари на терените покрај реката Тополка и месноста Вршник. Подготовките започнаа со основите на ориентацијата и топографијата на непознат терен, потоа читање на топографска карта и пронаогање на контролни точки на терен. Покрај практичната работа на терен и подготовката на храна на терен во одредската канцеларија се започна и со цртање и усовршување на графичките материјали.
На 23.2.2010 год. (вторник) во просториите на Фондацијата “Фокус “ се одржа договорен состанок за подготовките на овогодинешната акција “Ден на Дрвото“. Како промотори на оваа голема еколошка акција на овој состанок се појавија нашата истакната и врвна пливачка Атина Бојаџи и публицистот Љубомир Гајдов. Овој договорен состанок беше организиран од страна на ЕЛС - Велес и на него учествуваа НВОи кои традиционално даваат најголем одзив на оваа акција. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беше преставен од старешината на одредот Ненад Андреевски.