|
Одредска програма за прослава на 22 февруари |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
17.02.2008. |
|
Старешинството на извидничкиот одред “Димитар
Влахов“ од Велес, на својата редовна седница одржана на 10.2.2008 година меѓу
другото ја усвои и програмата за прослава на 22 февруари – Светскиот ден на
скаутизмот предложена од страна на Советот на водачи.
Програмата се состои од:
- ПРЕС конференција со
новинарите од Велес, за планираните активности кои што следат во тековната 2008
година (20.2.2008)
- Медиумско претставување
на локално радио и телевизија
(21.2.2008)
- Хуманитарна акција за
донирање на материјални средства на социјално загрозени семејства од Велес (22.2.2008)
- Еднодневен излет до
Крушево со посета на Мечкин камен, Македониум и гробот на Тоше Проески
(23.2.2008)
Ги покануваме сите
извидници од Република Македонија да се приклучат кон нашите одредски
активности.
|
|
Последно ажурирање ( 5.05.2009. )
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
17.02.2008. |
|
Во организација на Општина Велес и
Фондацијата Фокус на 16 февруари 2008 година во
ресторан „Снупи“ (Офицерски дом) се
одржа манифестацијата „Велешка пастрмајлија“ .
Манифестацијата
имаше хуманитарен карактер, каде што се презентираа производителите на пити
пастрмајлии и вино. Собраните
средства од продажбата на донираните пити и вино ќе бидат наменети за
доопремување на детското одделение при градската болница во Велес, во рамки на
проектот „Насмевка во пижами".
Како волонтери на оваа манифестација
се приклучија и членови на извидничкиот одред Димитар Влахов и тоа: Златко
Ристов, Лорета Манева, Гроздан Нецинов, Димитар Јорданов, Ангел Радевски и
Петре Попов.
|
|
Последно ажурирање ( 17.02.2008. )
|
|
|
Седница на стрешинството на СИМ |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
12.02.2008. |
Старешинството на Сојузот на извидниците на Македонија, ја одржа четвртата седница која се одржа на 10.02.2008 (недела) во Скопје  со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
|
|
Последно ажурирање ( 3.05.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
6.02.2008. |
 Претставници на извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, на покана на Градоначлникот на Велес, г-дин Аце Коцевски, учествуваа на преставувањето на проектот Ден на дрвото – Засади ја својата иднина.
|
|
Последно ажурирање ( 7.02.2008. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Јавно обраќање на Зелената коалиција |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
23.01.2008. |
Зелената коалиција претставена од седум невладини организации предводена од Градоначалникот на Велес, г-дин Аце Коцевски го донесе следното ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ .....
|
|
Последно ажурирање ( 23.01.2008. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Конкретни предлози од Зелената коалиција |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
18.01.2008. |
„Предлагаме промена на Генералниот урбанистички план во Општина Велес, со кој локацијата на топилницата би се пренаменила во локација за изградба на стамбени објекти и мали и средни претпријатија“.
|
|
Последно ажурирање ( 4.05.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Реализирана Школата за водачи „Зелениот Еди 11“ |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
15.01.2008. |
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ реализирајќи ја својата програма за работа, во периодот од 8-13 јануари оваа година, во извидничкиот центар Голозинци ја организираше единаесетата меѓународна Школа за водачи “Зелениот Еди“.
|
|
Последно ажурирање ( 22.01.2008. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 Следна > Крај >>
|
| Резултати 169 - 180 од 183 |