|
|
|
Велес победи, одиме понатаму ! |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
7.06.2010. |
 Илјадници велешани во саботата - 5.6.2010 год., излегоа од своите домови и секој во рамките на неговите финансиски донираше пари за плаќање на тужбата со која за прв пат во земјава, општината ја тужи државата, во случајот Топилница, поради три децениското загадување. Откако локалната власт одби да ја плати целата вредност на вештачењето за одредување на парцелите со кои треба да се докаже загадувањето во висина од 90 илјади денари, седумте граѓански здруженија од Велес вклучени во ,,Зелената коалиција,,, кои заеднички со општината ја тужат државата, решија да ги повикаат велешани и сами да си го платат овој судски трошок. Тие наидоа на масовен одѕив од сограѓаните кои специјално за оваа пригода излегоа од домовите и во Младинскиот парк, каде беше лоциран пункт, каде се собираа доброволните пролози, доаѓаа и донираа. Организаторот смета дека потребните пари се собрани и в четврток ќе ги уплатат на сметка на судот.
|
|
Последно ажурирање ( 7.06.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Помош преку телефонски повик ! |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
5.06.2010. |
|
Почитувани грагани на Република Македонија. Со повикување на следните броеви ја помагате кампањата на Зелената Коалиција во судскиот процес против Република Македонија. Со донирањето на средствата ке дадете допринос во дефинитивното расветлување на триесет годишното загадување на Велес и почеток на вештачењето на загадената почва.
|
|
Последно ажурирање ( 5.06.2010. )
|
|
|
Со доброволни прилози против државата |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
4.06.2010. |
 Зелената коалиција реши сама, без општината, ќе собира пари за судскиот процес во кој Велес ја тужи државата за 30-годишното загадување од топилницата. Утре, на светскиот ден на животната средина, преку 12-часовна програма на локалното радио 5 ФМ, продажба на маркици низ велешките улици и добротворни прилози, невладините ќе се обидат да соберат илјада и петстотини евра, колку што чини вештачењето на загадената почва.
Ова се случува откако општината најави дека ќе плати само една осмина од трошоците на спорот.
„Уште кога ја конципиравме тужбата, на чело со господинот Коцевски, како градоначалник, тужбата беше конципирана дека општината Велес ја тужи Република Македонија, со поддршка на седум здруженија на граѓани“, рече Ангелче Гушев - Зелена коалиција.
|
|
Последно ажурирање ( 5.06.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Завршија XXV Средби на извидници |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
22.05.2010. |
 Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес ги организираше 25 Средби на извидници Велес 2010, истите се одржаа во периодот од 14 до 16 мај 2010 год.во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоменото село. На овие средби учество земаа 120 извидници од следните извиднички одреди: ИПО Јадран, ИО ММ Брицо, ИПО Галеб и ОИ “Браќа Миладиновци“ од Скопје, ИО “Мирко Милески“ од Кичево, ИО “Скаут“ Куманово, ИО “Наум Наумовски - Борче“ од Крива Паланка и гости од Република Србија и извидници од одредот домакин. На средбите првото место го освои патролата на извидничко-поречанскиот одред “Јадран“, а второто и трето место им припадна на патролите од извидничкиот одред “Мирко Милески“ од Кичево. Овие средби за прв пат се организираа со друга тематика, ја исфрламе ориентацијата и топографијата, а го внесовме дружењето и играта како метод на работа во традиционалниот скаутизам....
Сакаме да истакнеме дека во периодот од 1975 до оваа 2010 година, успеавме да организираме 25 Средби на извидници, а кои што последните десет беа од меѓународен карактер.
25 Средби беа организирани со финасиска поддршка од страна на Општина Велес и добиени донации локалниот бизнис сектор.
|
|
Последно ажурирање ( 22.05.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Програма на регатата “Гемиџии 2010“ |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
29.04.2010. |
 Активностите околу организирањето на Вардарската регата “Гемиџии 2010“ веке се движат во нагорен тек. Се оформи организациониот одбор кој е во следниот состав: Градоначалник на Општина Велес, Совет на општина Велес, Центар за развој на Вардарски плански регион, АРМ, МВР, Агенција за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации на Македонија, Сојуз на спортови на Велес, Извиднички одред Димитар Влахов, Кајака кану клубовите од Велес, ОО на Црвен Крст, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Ротари клуб, Медицински центар – ЈЗУ Болница Велес, ТВ Канал 21 и ТВ Здравкин. Регатата ке се реализира во периодот од 1 до 4 јули 2010 година, а технички организатори на регатата се: трите кајакарски клубови од Велес, извидничкиот одред “Димитар Влахов и ОО на Црвениот крст
|
|
Последно ажурирање ( 29.04.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
XXV Средби на извидници Велес - Голозинци 2010 |
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
28.04.2010. |
|
Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес на својата редовна седница на старешинството, одржана на ден 10.3.2010 год. (среда) донесе ОДЛУКА за организирање на 25 Средби на извидници Велес - Голозинци 2010, а кој што ќе одржат во периодот од 14 до 16 мај 2010 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоменото село.
Како вовед кон овие Средби .....Во периодот од 1975 до 2010 година, успеавме да организираме 25 Средби на извидници, а кои што последните десет беа од меѓународен карактер. Овие 25 Средби ги организираме со нешто поинаква тематика, ја исфрламе ориентацијата, а го внесуваме дружењето и играта како метод на работа во традиционалниот скаутизам....
Во рамките на оваа информација можете да ги најдете и елаборатот и пропозициите .
Дојдете да се дружиме и забавуваме.
|
|
Последно ажурирање ( 28.04.2010. )
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
28.04.2010. |
 Во организација на извидничкио поречански одред “Јадран“ од Скопје, во периодот од 23 до 25 април 2010 год. во селото Катлановска Брезица се организирааше традиционалниот меморијал “Марко Граорковски“. На овој Меморијал, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учествуваше со една патрола. Извидниците се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата на непознат терен. На овие средби покрај нашите извидници учество земаа и извидници од Скопје, Прилеп Крива Паланка, а имаше и 50 извидници од Бар - Република Црна Гора.
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 13 - 24 од 184 |
|