|
Ноќен хајк во знак на празникот - 22 февруари |
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
22.02.2010. |
 Во рамките на прославата по повод Светскиот ден на скаутизмот - 22 февруари, членови на извидничкиот одред Димитар Влахов се приклучија на републичката прослава на празникот. Во рамките на прославата на 21 февруари се организираше и ноќен хајк до Милениумскиот крст на Водно во Скопје. На овој ноќен хајк учествуваа триесетина постари извидници од скопските одреди, извидници од Крива Паланка и членовите на нашиот одред.
|