|
Конечно комплетирани органите на СИМ |
|
|
|
Напишано од Извидници Велес
|
|
2.02.2010. |
 Сојузот на извидници на Македонија во две продолженија на изборното Собрание ги комплетираше своите раководни тела. Најпрво на 6 декември 2009 год. беше избран новиот старешина на СИМ, а тоа е г-нот Златко Митков и надзорниот одбор на СИМ во состав Горан Арсов од ИПО Јадран од Скопје, Ѓоко Гучески, ИПО Крсте Јон од Струга и Стеван Поповски од ИО Браќа Миладиновци Скопје кои воедно е и претседател на одборот.
Поради статутарни пречки на дел од кандидатите предложени за членови на Старешинството на СИМ, изборото беше одложен.
Изборот на Старешинството на СИМ се случи на 30.1.2010 год. и тоа ке
работи во следниот состав: Ненад Андреевски - ИО Димитар Влахов од
Велес, Петар Атанасовски - ИО Илинден од Скопје, Феријанчо Гоговски -
ИПО Крсте Јон од Струга, Живко Денсковски - ИО Скаут од Куманово, Јане Илијески, - ИПО Галеб од Скопје, Борче
Лазарески - ИПО Бран од Охрид, Бобан Москов - ИО Браќа
Миладиновци од Скопје, Јане Спасиќ - ИО Методи Митевски Брицо од
Скопје, Огнен Стефановски -ИПО Јадран од Скопје и Зоран Шиљковски
од Прв скопски извиднички одред.
Старешинствот на СИМ веке за 20 февруари закажа седница на која што ке
има избор на членови во Биро на СИМ и Управен одбор на ИЦО Охрид.
|
|
Последно ажурирање ( 2.02.2010. )
|