topleft
topright

Анкета

Што очекувате од новото Старешинство на СИМ
 

Најава






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Јордан Бајрактаров со 9то Ноемвриско признание Испечати Е-пошта
Напишано од Извидници Велес   
15.11.2009.
По повод 65 годишнината од ослободувањето и прославата на Денот на Општина Велес, на 9-ти ноември годинава,во салата „Бели Мугри“ се одржа свечена седница на Советот на општина Велес. На седницата 
присуствуваа истакнати личности од јавниот живот во Велес и Македонија, претставници на меѓународната заедница, АРМ, МПЦ и гости од збратимените градови Свиштов и Самобор. Во своето обраќање по повод празникот, Градоначалникот Горан Петров ги презентираше визиите за развој на Велес, им упати благодарност на борците од  НОВ и им го честиташе празникот на
граѓаните.
 
 
 
 
 
На седницата, Градоначалникот Горан Петров и  претседателот на Советот Славчо Чадиев им ги врачија деветоноемвриските награди и признанија на овогодинешните добитници мегу кои беше и Јордан Бајрактаров, кои мегу нас звидниците е познат како Орце Глава. Роден е во Велес на 15 мај 1974 година и повеке од 25 години активно е вклучен во извидничката организација во Велес и Македонија.  Моментално работи за Европската скаутска канцеларија. Ова е трета 9то Ноемвриска нааграда која што во последните десет години доага во редовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ кој во 1998 како одред и како нај организирана  младинска организација во Велес се стекна со Плакета 9ти Ноември , потоа во 2002 со 9то ноемвриска награда се стекна Ангелче Гушев како старешина на единсвениот градски извиднички одред и оваа трета награда која ја добива Јордан Бајрактаров е доказ за квалитената работа на извидничката организација во Велес.

Коментари
Пребарај
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

Последно ажурирање ( 15.11.2009. )
 
< Претходно   Следно >

Превземи новости

Кој е он-лајн

Имаме 4 гости на оваа страница
Copyright 2007 Goran Andreev
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates