Од 23 до 30 август 2010 год. во обалста Вуик, Лескпвац – Р.Србија ке се одржи извиднички камп на кои ке учествуваат извидници од Р.Македонија, Р.Србија и Р.Бугарија. Контингентот на Р.Македонија ке брои 15 помлади извидници од 11 до 14 години. Во рамките на контингетот од 15 помлади извидници од Македонија се и Елиф Шакирова, Лилјана Јошевска и Бојан Миклош членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес. За сите случувања во Лесковац ке ве информираме по нивното враќање.
На покана на Сојузот на извидници на Војводина, членот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Благој Ѓорчевски замина на Инструкторска школа - основен степен. Инструкторската школа ќе се организира во Кањижа, Република Србија во периодот од 22 до 30 август оваа година. На оваа школа споменатиот извидник е единствен преставник од Република Македонија. На школата учество ке земат педесетина извидници од Југоисточна Европа.
Во текот на наредните денови ке следат директни информации од Школата, на која што се очекуваат да заминат уште двајца извидници од нашиот одред како гости на самиот инструкторски курс.
Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес сака да искаже голема благодарност до приватните претпријатика “Кеги Моби“ и “Делта Пром“ за финансиската помош која ни ја укажаа со што се створија услови за учество на нашиот извидник на оваа обука од европски карактер.
Победничката патрола во машка конкуренција на Републичкиот Извиднички Ориентационен Натпревар (РИОН - Св.Николе 2009), патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Благој Ѓоревски, Тоше Василевски, Виктор Таневски и Ангелче Димков во периодот од 1 до 10 август ја искористија наградата стекната по повод првото место на РИОН 2009 - бесплатно летовање во Извидничкиот центар во Охрид. Старешинството на одредот има посакува уште многупати вака да ги прославуваат први места во државата и пошироко.
Реализирајки ја својата патролната програма за работа, патролата Ѕверови во периодот од од 18 до 21 јуни организираа излет во извидничкиот центар Голозинци. Во рамките на овој четиридневен излет патролата реализираше активности од ориентацијата и топографија, потоа нокен хајк, и активности предвидени со сопствената патролна програма.
Директно од Кабул - Авганистан пристигнаа честитки до нашиот одред од нашиот извидник Александар Љутков - БУБИ. Тој е дел од единицата на АРМ која што е мисија во тој дел од Светот ! Членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ ми посакуваат голема срека и успех во работата.
Драги извидници во Република Македонија, за една година ке се случи 22 Светско Џамбори, кое што ќе се одржи од 27 јули до 7 август 2011. Светското Џамбори е најголеиот собир на сите извидници од целиот свет кое што се одржува на секој четири години. Поагајки од фактот дека од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија (разбирливо од институциите на СИМ) нема никава информација за горенаведениот настан, ви го препорачуваме следниот веб сајт:
http://jamboree2011.v-scout.org.rs/
за да се стекнете со поголем број на информации поврзани со 22 Светско Џамбори. Сајтот е на српски јазик , но се надеваме дека ќе ја надминете јазичната бариера.
Барем за малку да се доближиме и да ја доживееме магијата на Џамбори 2011 !
На 24.6.2010 екипи на Литиум, Бивиум, извидници, волонтери, амбасадори, симпатизери, активисти, нормални и обични луѓе се собераа во 10 часот во центарот на Охрид да го означат почетокот на фестивалот и акцијата за чистење на охридското крајбрежје, која заврши во кампот Љубаништа т.е. фестивалот Аларм за природата. Специјален гуру мајстор и еден од најголемите подржувачи на фестивалот беше словенскиот амбасадор во Република Македонијагосподинот Ален Брајан Бергант, кој исто така ќе биде и активен учесник на еколошкиот охридски маратон. На овој настан мегу триесетте извидници беа и преставници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Нашите извидници Благој Ѓорчевски и Виктор Таневски целосно се вклучија во организирањето на извидничкиот штанд за промоција на СИМ во рамките на фестивалот, потоа во реализацијата на извидничките работилници и еколошките активности.