Собрание на СИМ
- Детали
- Објавено на Сабота, 21 Јануари 2012 16:16
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 120
Врз основа на Одлуката на Собранието на СИМ од 17. 04. 2011 година за донесување на нов Статут на Сојуз на извидници на Македонија и Одлуката на Старешинството на СИМ за свикување на седница на Собранието на СИМ од 10.12.2012 година, на 21.1.2012 год. (сабота) беше одржана седница на Собранието на Сојуз на извидици на Македонија со следниот дневен ред.
- Усвојување на Деловник за работа на Собранието на СИМ
- Избор на записничар и оверувачи на Записникот
- Расправа и усвојување по предложените амандмани на Статутот на СИМ
- Усвојување на нов текст на Статут на СИМ
- Одлука за прогласување на Статут на СИМ
Среќно пловење !!!
- Детали
- Објавено на Вторник, 17 Јануари 2012 14:52
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 31
Старшинството и советот на водачи при извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес му посакува успешна работа на новоформираното здружение на граѓани Вардарска регата “Гемиџии“. За сите активности на здружението, сите велешани ќе може да се информираат и од официјалниот веб сајт кој гласи www.vardarskaregata.mk.
Среќна нова 2012 година
- Детали
- Објавено на Четврток, 22 Декември 2011 11:14
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 113

Почитувани,
годината која што заминува беше полна со предизвици и голем број на активности. Во оваа 2011 година ги одработиме Школа за водачи на патроли и јата “Зелениот еди 12“, 26 Средби на извидници, учествувавме на 8 Смотра на извидници на Србија во Шабац, каде што прославивме 100 години извидништво на Балканот. Четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, учествуваме уште и на многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите, се вклучивме во Европската мрежа за превенција од насилство на децата и младите, се боревме против рестартирањето на Топилницата заедно со Зелената коалиција го поведовме градот во првата еколошка револуција, пошумувавме, помагавме, работевме, информиравме, позитивно критикувавме... работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион... волонтиравме и го поддржувавме волонтерското работење .... се појавивме и на светскиот информативен сервис Ал Џазаира, а имавме и средба со Претседателот на РМ, г-дин Ѓорѓе Иванов. Началникот на нашиот одред Благој Ѓорчевски во оваа 2011 година се вклучи во координативното тело за следење на имплементацијата на Акцискиот план на Општина Велес кој е дел од локалната Младинска стратегија 2012/2016 за Општина Велес
Од нашиот одредски редови во оваа 2011 година произлезе и старешината на СИМ, со што докажуваме дека секогаш во нашите одредски редови се обучуваат раководни кадри. Во годината која што доага влегуваме во шестата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“... почнуваме со подготовките за прослава “60 години извидништво во Велес“ ... ја подготвуваме официјалната химна на одред... одредското радио.
А во новата 2012 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2012 година. Да живее Велес, да живее Република Македонија да живее извиднички одред “Димитар Влахов“.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
Ангелче Гушев
Работна средба со поранешни членови
- Детали
- Објавено на Недела, 18 Декември 2011 19:29
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 176
Со почеток во вечерните часови на 17
декември 2011 год. (сабота) во извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа работна средба на постари извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на кои што се разговараше за повторно нивно активирање во извидничката организација и превземање на некои програмски активности во одредот. На оваа средба се разговараше за почеток на припремите на прославата на 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, реконструкција на извидничкиот центар “Голозинци“, омасувувањето на организацијата и креирање на нови програмски активности во рамките на одредската програма во наредната 2012 година.
Новите извидници дадоа Завет
- Детали
- Објавено на Недела, 11 Декември 2011 19:21
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 191
Со почетокот на новата учебна година 2011/2012 и со поминатиот подготвителен период од три месеци за новите членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, се организираше завет кои траеше два дена. Активностите се организираа во извидничкиот дом во “Голозинци“ во истоименото село и тоа во периодот од 10-11.12.2011 год. Завет дадоа 20 нови извидници. На оваа активност учество земаа 30 извидници. Целокупните активности беа раководени од страна на водачите на патроли и началникот на одред Благој Ѓорчевски. Сите активности кои беа организирани се составен дел на програмата за работа на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ и истите ќе послужат за поголомеа подготовеност на членовите на нашиот одред за понатамошните активности.
Зелената Коалиција во 300 минути гол шоу
- Детали
- Објавено на Сабота, 10 Декември 2011 19:11
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 190
„300 минути гол шоу". Под ова мото денес 10.12.2011 год. (сабота) во спортската сала „Гемиџии" се одигра хуманитарниот турнир. На истиот учество земаа 15 екипи , а целта е да се соберат што е можно повеќе средства од донации кои ќе бидат предадени за децата со посебни потреби, а Воедно беа и собрани приближно 6.000,00 ден. Своите фудбалски вештини, ги демонстрираа политичарите, новинарите, поповите, лекарите, полицијата, армијата, комуналците, ловџиите, зелената коалиција и други организации. „300 минути гол шоу" беше замислена како една голема забава како за учесниците ,така и за посетителите. Натпреварите се одграат во две полувремиња по седум минути. Системот беше елиминациски.
Благодарница за ВОЛОНТЕРИЗАМ
- Детали
- Објавено на Вторник, 06 Декември 2011 08:37
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 96
5-ти декември, меѓународниот ден на волонтерството, Фондација „Фокус“ и општина Велес го одбележаа со уште една волонтерска акција. На овој начин, симболично беше заокружена кампањата „Зачувај, не уништувај“ онаму од каде што ја започнаа - во детскиот забавен парк во облизина на „Брако“. И овој пат, волонтерите од младинските организации и граѓаните кои ја поддржаа кампањата, ги офарбаа лулашките, клупите и другите реквизити и му дадоа нов лик на овој терен. Фондација „Фокус“ им изрази благодарност на сите волонтери кои се вклучија во активностите за разубавување на детските забавни паркови. Доделувајќи им благодарници за нивниот волонтерски ангажман симболично ја одбележа и Европската година на волонтерство. По повод меѓународниот ден на волонтеризмот,извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес доби БЛАГОДАРНИЦА од Фондацијата Фолус за волонтерски придонес. Оваа благодарница беше примена на 5.12.2011 год. (понеделник) од страна на старешината на одредот, Ангелче Гушев.
